Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД: ВМРО-ДПМНЕ јавно да ја поддржи работата на Специјалната обвинителка

0
By Нова ТВ on February 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кејт Брнс, претставничка на САД и вршителка на должност во Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена, денес го повика ВМРО-ДПМНЕ јавно да ја поддржи работата на Специјалната обвинителка во текот на сите фази на нејзината работа.

Брнс денес имаше обраќање на кое главна тема беше политичката криза во Македонија. Овде ви го пренесуваме неговиот денешен говор во Виена.

“САД од блиску ги набљудува настаните во Македонија. Откритијата од минатата година, во снимките добиени од нелегални прислушувања, отворија сомнеж за можни изборни измами, манипулации во медиумите и корупција сугерирајќи неуспех во придржувањето на обврските на ОБСЕ.

САД ги поздравува напорите кои се во тек за примена на Договорот од Пржино кој е најдобриот пат за Македонија за излез од политичката криза. Значајни чекори беа преземени од страна на политичките партии за примена на договорот, вклучително враќањето на опозицијата во парламентот, именувањето на Катица Јанева како Специјална обвинителка, именувањето на технички министри и дополнителни заменици министри, ревизија на Изборниот законик и именување на зајакната Државна изборна комисија. Ние исто така ја поздравуваме оставката на премиерот Никола Груевски како камен темелник на примената на Договорот од Пржино.

Многу важни обврски од Договорот од Пржино сепак не беа остварени. На пример, работата на Анкетната комисија која треба да предложи реформи за разузнавачките служби и која останува нереализирана. Кога ќе бидат комплетирани, тие реформи треба да воведат политичка одговорност за сите оние за кои ќе се открие дека незаконски постапувале.

Изјавите на една политичка партија, ВМРО-ДПМНЕ, и нејзините лидери кои ја напаѓаат работата на Специјалната обвинителка се уште еден извор на загриженост. Ние ги повикуваме сите политички партии, кои едногласно се договорија за именувањето на г-ѓа Катица Јанева, јавно да ја поддржат работата на Специјалната обвинителка во текот на сите фази на нејзината работа. Ние исто так аги охрабруваме сите партии да ја поддржат работата, и јавно и приватно, на незвисната Државна изборна комисија за да се обезбеди таа да има доволно персонал, ресурси и пристап до информациите кои и се потребни за да води својата работа во првата темелна анализа на изборната листа на земјата.

Конечно, како што тоа и го рековме на владата на Македонија минатиот петок, САД е загрижени поради недостигот на напредок за препораките на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права дадени во 2014 година. Во нив се содржани: пречистување на изборниот список, реформа на медиумите за да се обезбеди еднаков пристап за сите алтернативни ставови, одвојување на државата од партијата, спречување на заплашувањето на гласачите и притисок. Како клучни олеснувачи на Договорот од Пржино, САД и ЕУ ќе направат анализа на напредокот околу овие прашања пред распуштањето на парламентот на 24 февруари за да се определи дали условите кои треба да водат до кредибилни избори на 24 април се исполнети како што тоа го предвидува Договорот од Пржино.

Сакам јасно да кажам дека ние и ја нудиме оваа анализа на Македонија како нејзини пријатели. Граѓаните на Македонија се тие кои ја определуваат нивната иднина. Ние бараме од македонските политички лидери да преземат итни чекори за примена на преостанатите обврски од Договорот од Пржино и препораките на ОДИХР за кредибилни избори.”

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.