Интернет страницата на ВМРО – ДПМНЕ функционална е во целост, по синоќешниот хакерскиот напад на „Анонимните“.
Ги нема пораките „Македонијо, доста беше, Разбуди се”, „Доста молчевме“.
Пораката на „Анонимните“ сега ја има само на каналот youtube.com од каде што беше линкувана до страницата на ВМРО – ДПМНЕ.
Сега на тоа место е поставено видео од обраќањето на Александар Николовски на 56-тата собраниска седница.
Додека сајтот беше нападнат од хакерите, најзабележителни беа грозоморни фотографии од убиства од кофликтот во 2001 година кои ја пренесуваат пораката „Зошто гинеа бранителите засрамете се предавници“.