Интернет страницата на ВМРО – ДПМНЕ и денеска не функционира, по хакерскиот напад на “Анонимните”, но наместо нивната видео порака, “Македонијо, доста беше, Разбуди се”, “Доста молчевме”, сега стои дека сајтот не е достапен.
Пораката на “Анонимните” сега ја има само на каналот youtube.com од каде што беше линкувана до страницата на ВМРО – ДПМНЕ.
Додека сајтот беше нападнат од хакерите, најзабележителни беа грозоморни фотографии од убиства од кофликтот во 2001 година кои ја пренесуваат пораката „Зошто гинеа бранителите засрамете се предавници“.