Фурхан Салиу: Не знам зошто глумите дека сте изненадени кога некој се повикува на етничко гласање?
Најголемата партија во државата ветуваше борба против корупцијата, правда, инвестиции и подобар живот.
А што направија меѓу првите три потези?
Директно го нападнаа Законот за јазици, балансерот и Бадентер.
И ова е само почеток.
Покажувањето на сила секогаш создава отпор. Резултат на тој отпор е Чашка, утре ќе биде Брвеница, задутре – нови меѓуетнички тензии.
Нема никакво изненадување овде, затоа што оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ токму тоа го сака:
– блокирана европска иднина
– нула инвестиции
– нема покачување на плати, а има раст на цени, кредити и нови долгови
Како тоа се менаџира?
Едноставно – школа … Меѓуетнички тензии.
Извор: Фејсбук
