Фурхан Салиу: Нема да им дозволиме да манипулираат, како што тоа го прават секогаш, со формирање комисии и префрлање на вината, затоа што овде има доволно факти и изјави од нејзини колешки, а и се работи за бебе.
Но, за да сфатите колку се ненормални, еве ви неколку факти:
-Во потврдата што им е дадена на родителите откако починало бебето, има неточни информации за тежината и општата состојба, што укажува дека уште од почеток планирале да ја сокријат вистината.
– Иако пријавата е поднесена на 13.10 оваа година, до вчера ништо не е преземено, освен што д-р Бадева е отстранета од Одделот за интензивна нега.
-Д-р Бадева, наместо да ја признае грешката, се обидува вината да ја префрли на специјализант.
-Колегите и колешките на д-р Бадева изјавуваат пред комисијата дека таа често мириса на алкохол.
И на крај велат дека треба да го почекаме обдукцискиот извештај?
И тој ќе се обидете да го фалсификувате?
Зарем луѓето немаат очи?
Зарем грлото на бебето не е распарчено?
Единствена светла точка во оваа приказна е началничката на Одделот за интензивна нега, д-р супспецијалист Елизабета Петковска. Иако најдобро знае во каков систем работи, таа постапила професионално и храбро.
Па ајде сега одмаздете ѝ се и неа, и на сите други вработени. Викнете им полиција, заканувајте се дека цела Влада ќе ви помогне затоа што сте пријатели со една од портпаролките… Ништо од ова нема да го врати детето.
И не е поентата некој да биде казнет, затоа што, повторувам, ништо нема да го врати детето.
Поентата е да не се повтори!
Извор: Фејсбук



