Грчкиот премиер Андонис Самарас ја нарече коалициската Влада со која тој раководи како „спас за земјата“ пред своите сопартијци во Солун.
Самарас изрази оптимизам дека Грција ќе се справи со кризата.
„Направен е значителен чекор во борбата против финансиската криза, а во најскоро време се очекува и подобрување на економијата во земјата“, порача вчера грчкиот премиер Андонис Самарас, пренесува Ројтерс.
Самарас исто така упати остри критики на адреса на лидерот на опозициската партија СИРИЗА, Алексис Ципрас, истакнувајќи дека народот ќе му „одреди тотална изолација“.
„Грција повеќе не е во процесот „Грегзит“ (Grexit – напуштање на еврозоната) туку во процесот „Грикавери“ (Grecovery – обновување на земјата). Сепак, има поединци на кои тоа не им одговара“, кажа Самарас.