Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Само околу 41,2 отсто од населението во земјата е вакцинирано со две дози

0
By НОВА ТВ Balaban on April 1, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Невакцинираните луѓе имаат поголем ризик од смрт од КОВИД-19 во споредба со тие кои биле вакцинирани. Затоа, граѓаните не треба да се колебаат и одлуката за вакцинирање не треба да се одложува, изјави заменик министерот за здравство, Владимир Рендевски.

Заменик министерот за здравство, Владимир Рендевски, претставникот на УСАИД за Северна Македонија, Ерик Јановски, заменик претставникот на УНИЦЕФ Артур Ајвазов, градоначалникот на Врапчиште, Исен Шабани и претставници од СЗО го посетија селото Неготино во општина Врапчиште, една од последните локации, кои ќе ги посети карванот за информирање и вакцинација против КОВИД-19.

Карванот ќе заврши за два дена, со остварени посети на вкупно 14 градски и рурални подрачја низ целата држава. Освен можностите да се прими вакцина против КОВИД-19 во локалните заедници, медицински екипи, придружувани од волонтери на Црвениот крст и студенти од медицински здруженија, споделуваа веродостојни информации за вакцинирањето против КОВИД-19, како и за придобивките од вакцинацијата и ризиците од одложување. Се даваа и информации за локациите и работното време на најблиските здравствени домови, каде има вакцини на располагање за сите.

– Согласно последните податоци од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, околу 41,2% од вкупното население во земјата е вакцинирано со две дози. Голем дел од населението останува незаштитено од можните тешки последици од КОВИД-19. Невакцинираните луѓе имаат поголем ризик од смрт од КОВИД-19 во споредба со тие кои биле вакцинирани. Затоа, граѓаните не треба да се колебаат и одлуката за вакцинирање не треба да се одложува, изјави заменик министерот за здравство, Владимир Рендевски.

Активностите во насока на поттикнување вакцинација реализирани изминатиов период докажуваат дека различни приоди се  успешни во различни заедници и затоа треба да  се продолжи со активности по мерка на специфичните потреби на локалните жители, со цел да се обезбеди лесен пристап до вакцини и веродостојни информации за КОВИД-19. За време на караванот во Ново Село се вакцинираа дури педесетина лица во еден ден; во Шуто Оризари се вакцинираа вкупно 35 лица, а за споредба само 4 лица примиле вакцина во периодот од две недели пред овој настан. За време на настаните организирани во рамки на караванот досега се вакцинираа повеќе од 200 лица.

Караванот и другите насочени интервенции придонесоа кон поголем интерес за заштита од КОВИД-19. Минатиот петок здравствените домови пријавија над 11% зголемување во просечниот дневен број вакцинации во нивните објекти, во споредба со претходната недела.

-Јас ги имам примено сите вакцини и ги охрабрувам сите што ги исполнуваат условите да се вакцинираат. Докажано е дека вакцините против КОВИД-19 се безбедни и ефикасни. Помагаат да се запре ширењето на болеста и нудат силна заштита од тешка форма на болеста, хоспитализација и смрт поради инфекција со КОВИД-19. Затоа ги поддржуваме активностите како што е овој караван, за да се допре до повеќе луѓе, особено до ранливите и ризични групи, рече  претставникот на УСАИД за Северна Македонија Ерик Јановски.

Министерството за здравство и партнерите ќе продолжат да работат на откривање на бариерите што го отежнуваат вакцинирањето против КОВИД-19 во различните заедници и ќе бараат начини за надминување на тие бариери преку прилагодени комплементарни активности што ќе ги донесат вакцините и информациите поблиску до граѓаните, особено до ранливите сегменти на населението.

-Високите стапки на вакцинација во некои држави и релативно послабиот интензитет на симптоми на Омикрон наведуваат кон создавање опасни заблуди дека пандемијата е завршена, што не е точно. Единствениот одржлив излез од пандемијата е постигнување висока стапка на вакцинација во сите држави, со посветување особено внимание на опфатот на најранливите лица, обезбедувајќи заштита од тешка форма на болест предизвикана од КОВИД-19 за сите семејства и безбедна средина за децата“, рече заменик претставникот на УНИЦЕФ Артур Ајвазов. 

Министерството за здравство го почна караванот за заштита од КОВИД-19 со поддршка од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), Светската здравствена организација (СЗО) и Детскиот фонд при Обединетите нации (УНИЦЕФ). Караванот почна во Шуто Оризари на 21 март и ќе продолжи утре (сабота) со посета на Кичево, а ќе заврши во Струга на 3 април.

Покрај активностите организирани во рамки на караванот за вакцинирање, граѓаните може да се вакцинираат и во најблиските здравствени домови секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот. Пунктот за вакцинирање во Поликлиника Букурешт во Скопје е отворен до 20:00 часот од понеделник до петок.

 

Владимир Рендевски Исен Шабани карванот за информирање и вакцинација општина Врапчиште селото Неготино
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.