Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самрак без зора

0
By Marija Todorovska on November 7, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Америка беше земја на законот и на големите корпорации. Сега ќе направат од Америка една голема корпорација, а уставот и законите Маск ќе ги однесе на Марс, со тоа што по некое членче, згодно за интерпретации, ќе остават да лебди како некакво покритие за самоволието на оние на кои американскиот народ им ја предаде Америка во приватната сопственост со право да прават со неа што сакаат.

Бранко Тричковски
Светот и неговите последни револуционерни исероци во Нордот, решија да ги игнорираат моите напори да ги спасам.
Што е еден од најсериозните докази дека по Креда и Јура и некои други периоди, хомо сапиенсот цврсто решил да влезе во добата на Идиотот како последна временска станица на патот кон својата никогаш непрежалена пештера.
Штета.
Во тој хуманитарен проект бев вложив натчовечки напори на кои и Господ може да ми позавиди.
Во една есемес порака вели: Тричко ти си цар на спасението!
Џабе!
Сакав да им кажам дека популистичкиот болид со идиот во кокпитот, на првиот десен свиок ќе заврши во огрдата на Историјата.
Како Карлос Сајнц на пистата Интерлагос во Сао Паоло.
Под библискиот дожд.
Со тоа што катарпиларот за една минута го однесе црвениот болид на Ферари на анализа и сервис, додека болидот на светот и на Македонија, заедно со навивачите на глупоста, омразата, лефтерноста во занимавањето со сериозните работи на политиката, опремени со злоба, сеир и верба во чуда, месии и пророци, нема да има кој да го тргне и да го оправи незнајно колку време.
Американците барем направија свој Анти Вудсток на кој американските сељаци и остали провинцијалци, оглупавени од мрежите на Цукерберг и Маск, не водеа љубов во калта, туку гласаа за орален секс со микрофон како феноменална метафора за својата единствена желба: оние од градот да им го испушат. Глупаво, се разбира, затоа што Трамп и на нив им покажа што ќе мораат да прават за да ја мејкат Америка грејт. Агејн.
Така го глобализираа Милтон и тој во ликот на Доналд стана американски ураган од стота категорија.
Истата финта со микрофонот вмро им ја направи на Македонците и сега има да го пушат одавде до вечности.
Хахаха!
Нема потреба Америка да се изолира. Некогашнага надеж на светот не успеа да го уреди светот по своја мерка (Рорти) и ако по тој неуспех реши да оди во изолација никогаш нема да има подобар селотејп од него. Од Трамп.
Се што остана од Америка се мрежните могули од Калифорнија и Невада (Маск), носачите на авиони и црвенокосиот поскок.
Чисти отрови.
Америка беше земја на законот и на големите корпорации. Сега ќе направат од Америка една голема корпорација, а уставот и законите Маск ќе ги однесе на Марс, со тоа што по некое членче, згодно за интерпретации, ќе остават да лебди како некакво покритие за самоволието на оние на кои американскиот народ им ја предаде Америка во приватната сопственост со право да прават со неа што сакаат.
Немам амбиции и моќ за анализа, само нафрлам некои импресии.
Јазот меѓу најбогатите и останатите ќе се зголемува до нивото кое ќе ја доведе во прашање смислата на заедничкиот живот.
Како ќе се хармонизираат идентитетските прашања кои мелтингпот машинат не успеа да ги сомеле?
Темата за човековите права со која го урнаа комунизмот и есесесерот, веќе е прогласена за опасен левичарски екстремизам.
Што ќе има катастрофални последици врз високото образование кое трампистите заедно со културата и естрадата ги сметаат за главни извори на идеи за растурање на таканаречените традиционални вредности.
Јебале их традиционалне вредности.
Жените не успеаја да ги надгласаат простаците.
Циниците велат дека кај руралните Американци проработило чувството на солидарноста и тие го избрале Трамп само затоа што не можеле да поднесат еден таков лепотан од криминалец да оди сто години затвор.
Па го сместија на сугурно во Белата куќа.
Благородно од нивна страна.
Што ќе прави Европа?
Не знам, затоа што и без Тгамп е прилично раздрмана. Потпретседателот Ванс во една прилика беше рекол дека некои држави не ни заслужуваат да постојат. Што ме потсети на Вучиќевските предупредувања пред руската агресија против Украина, кога очигледно беше опремен со кремаљски информации. Трамп ќе се клацка меѓу растурањето на НАТО и зголемувањето на неговата цена за Европа, која или ќе се опреми за одбрана без фаталната зависност од Америка или ќе падне.
Несомнено ќе ги засили авторитарните и диктаторски тенденции и системи.
Украина “ќе ја реши за еден месец”, така што, претпоставувам, пола ќе му ја остави на Путин, Мицко ќе го натера да ја натера Бугарија да го крене ветото и да и плати на Македонија оштета (хахаха), Путин е несомнено задоволен што не би можело да се каже за неговиот кинески пријател Си. Техеран сигурно не е задоволен, Израел може да биде посигурен од Палестинците чија држава и новата администрација ја држи на долг стап.
Не верувам дека естрадноста на новата власт може да ја реши драмата на Блискиот исток.
Што ќе биде со светската трговија?
Големо и важно прашање затоа што Трамп планира светот да ја оправа Америка така што ќе го натера да плаќа преку царини и одбранбени аранжмани. Без да води сметка за тоа што ќе се случува со американските произоди и услуги.
Добар дел од светот се бореше против времето на идиотите, но јас имам впечаток дека полека ќе се аклиматизираме, односно сите ќе се идиотизираме. Тарантино може да направи римејк на филмот со вампирите така што во новата верзија кога ќе те допре или штипне за газот идиот, автоматски стануваш идиот. Додека некој Клуни не ти акне колец во градите. И во новиот филм самракот ќе трае до зората, само што во идиотизираниот свет зората може и да не дојде.
Од Фејсбук ѕидот на авторот 
Бранко Тричковски Маск САД Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.