Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Санела Шкријељ: Жените се многу поодговорни како лидерки и помалку подложни на корупција

0
By Marta Pesevska on September 24, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеничката во македонското собрание Санела Шкријељ на третиот модул „Управување со време и приоритети“ од Програмата „Future is Feminist“ што викендов се одржа во Охрид потенцираше дека најважната работа кај делегирањето задачи е довербата, а крајната цел е да се научи како да се управува со важни задачи пред тие да станат итни, информираат од СИГА.

Таа посочи дека истражувањата покажуваат дека жените се и многу поодговорни како лидерки и се помалку подложни на корупција.

„Не можеме да зборуваме за оддржлив развој ниту за праведно општество доколку жените не се подеднакво присутни во процесите на одлучување и управување и во јавниот и во приватниот сектор и имаат еднаков пристап до сите ресурси во општеството. Вакви програми за јакнење на женското лидерство се навистина значајни, затоа што истражувањата покажуваат дека жените се и многу поодговорни како лидерки и се помалку подложни на корупција. Родовата еднаквост не смее да биде само слоган, туку мораме да ја направиме реалност за секоја една во нашето општество“, рече Шкријељ.

На третиот модул, учество зедоа и консултантката за менаџирање со луѓе и експертка за кариерен развој Ивана Дојчиновска-Стојановиќ и директорката на СИГА Мила Царовска.

Програмата „Future is Feminist“ којашто е во организација на Фондацијата Фридрих Еберт и Асоцијацијата за одржлив и инклузивен развој СИГА претставува серија на обуки за млади и инспиративни девојки и жени кои се спремни да учат, водат и служат на демократските процеси, како и да целат кон развој на нивната кариера во бизнисот или политиката.

Низ интерактивни предавања, учесничките се стекнаа со знаење како да управуваат со времето и приоритетите, како да ја дефинираат личната мисија, да делегираат задачи и донесат одлука, но и како да постигнат тимски резултати преку моќта на планирањето.

Извор: Мета

родова еднаквост Санела Шкриељ СИГА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.