Виза и Мастеркард ги блокирааа услугите на кредитните картички на некои руски банкарски клиенти, како резултат на американските санкции.
Четири банки се засегнати, од кои сите имаат врска со Русите на црната листа на САД.
На Виза и Мастеркард, како американски компании, им е забрането да имаат какви било постапки со оние лица кои се таргет со санкциите.
Банките, чии услуги со картичките запреа, без предупредување, го опиша потегот како незаконски.
Една од погодените банки е Банка Русија, опишана од страна на САД како 15-та најголема во Русија, со средства од 12 милијарди долари.
Санкт Петербург базираната банка е издвоена од Вашингтон како лична банка за високи руски функционери. Американски официјални лица изјавија дека ќе биде “замрзната надвор” од доларот.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Банката Русија нема никаква врска со настаните во Крим и вети дека ќе ги пренесе своите плати таму.
“Јас лично немам сметка таму, но сигурно ќе отворам една во понеделник”, изјави тој на состанокот на рускиот Совет за безбедност.
Претседателот Путин, исто така, даде инструкции на руската централна банка да интервенира, ако е потребно, но подоцна рече дека санкциите врз Банката Русија немаат сериозно влијание врз финансиската стабилност”.
Извор: Би-Би-Си