Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Санта Аргирова – предлог на опозицијата за уредник на МРТВ

0
By Нова ТВ on August 30, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Социјалдемократскиот сојуз ќе ја предложи новинарката Санта Аргирова за уредник на информативната програма на јавниот сервис, дознава НОВА.

Рокот до кога согласно договорот од Пржино опозицијата треба да номинира уредник на МРТВ истекува утре, а за нивниот предлог треба да дадат согласност и останатите партии, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА.

Ако партиите потврдат дека услови за избори има, новиот уредник на јавниот сервис ќе стапи на функција сто дена пред избори.

Санта Аргирова е долгогодишен новинар со искуство во јавниот сервис и телевизиите Телма и Алфа. Таа работеше и во кабинетот на  министерката Илинка Митрева.

Аргирова е и автор на романите „Портрет од Дрезден“ и „Добро утро Јаков“.

Во последното излагање на тема јавниот сервис во антивладиниот камп кој со денови опстојуваше минатата година пред Владата, Аргирова посочи дека МРТВ мора да се врати на професионалните стандарди и да престане да биде сервис за сервилност на власта.

-Цензурата е забранета со Устав, слободата на изразувањето е гарантирана со Устав, МРТВ не смее да е роб на било која политичка структура што е на власт, не смее да биде ваков сервис каков што е сега, бидејќи радиодифузен сервис испаѓа дека е сервис за сервилност, бидејќи го нема она што е професионално она што треба да биде. Не може да дозволете еден лик шест пати во вестите затоа што сите ќе се посомневаат во вашата професионалност. Ако информацијата е моќ, тогаш МРТВ нема моќ, само некое бледило е останато, рече Аргирова на дебатата за јавниот сервис.

argirova
Дебата: МРТВ не смее да е роб на било која политичка структура што е на власт (јуни, 2015)

Назначување на предизборен уредник во јавниот сервис е дел од договорот меѓу четирите партии потписнички на Пржино, и е еден од предусловите за одржување на избори.

Според информациите на новинската агенција МЕТА, лидерската средба за одлучување дали има услови за избори ќе се одржи утре во 13 часот.

Освен изборот на уредник, се уште виси и комплетирањето на ад-хок телото за медиуми кое ќе врши проценка за балансираното изестување на медиумите пред избори.

Телото денеска треба да донесе одлука за петтиот член кој треба да е Албанец, а претходно СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ предложија по двајца членови.

Лидерот на опозицијата Зоран Заев завчера изјави дека еден од двата клучни услови, ад хок телото за мониторирање на медиумите се уште не е исполнет не може да биде доволна пречка за лидерската четворка да не се договори за изборите на 11 декември. Сепак, Заев посочи дека е оптимист за договор.

„Повеќе сум оптимист во трагањето по мудроста како да се изнајде доволно аргументација да се избере петиот член. Ад хок телото како што знаеме сите, ги знаеме деталите и очекувањата од него, тоа не е крај на светот и не треба да дозволиме навистина поради една ваква мала причина да се одложат ставовите за заклучоците за исполнување на условите согласно кој ќе биде фиксиран датумот за избори. Јас верувам дека на 31 август ќе објавиме ние претседателите на поголемите партии дека 11-ти декември ќе биде датумот на изборите“, рече Заев.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.