Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Сапорт Кочани“ – по трет пат донации за семејствата на загинатите во „Пулс“

0
By Zoran Ivanov on January 24, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 24, 2026 13:48

Иницијативата „Сапорт Кочани“ ја спроведе третата распределба на пари собрани преку заедничката наменска сметка за донации, отворена веднаш по трагедијата во дискотекат „Пулс“. Со оваа распределба, процесот на директна финансиска поддршка продолжува во согласност со принципите на транспарентност, отчетност и правична распределба.

Во рамки на третата распределба, вкупно 142 лица кои претходно поднесоа и потпишаа изјава за потреба од помош беа опфатени и вклучени во процесот. Средствата беа распределени врз основа на јасни критериуми и донаторска одлука, во координација со засегнатите страни, со единствена цел, помошта да стигне до секој што беше погоден. Сите средства за третата распределба потекнуваат од донација обезбедена од Македонската православна епархија за Европа, при што трансакцијата беше ослободена од банкарска провизија од страна на НЛБ Тутунска банка велат од граѓанската иницијатива.

Вкупно донирани средства (бруто): 3.153.204 денари (околу 51.000 евра)

Распределба според одлука на донаторот (нето):

123 лица добија по 15.968 денари
19 лица добија по 45.992 денари.
По основ на персонален данок (ПДД), од средствата за оваа распределба беа уплатени 315.292 денари. Со тоа, заклучно со третата распределба, вкупно платениот персонален данок ПДД за сите три распределби изнесува 2.274.285 денари, од вкупен износ на бруто донации од 22.742.997 денари.

„Сапорт Кочани“ потсетува дека и во првата и во втората распределба средствата беа директно и транспарентно префрлени на сметките на најпогодените лица, а целиот процес беше јавно документиран и достапен за увид. Третата распределба претставува продолжение на истиот пристап, а тоа значи одговорно управување со донациите и јасна отчетност пред јавноста и донаторите.

Од иницијативата велат дека остануваат „целосно посветени на транспарентност, одговорност и континуирана грижа за погодените семејства“.

 

донации Кочани сапорт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.