Продолжуваат протестите на незадоволните граѓани низ градовите во федерацијата БИХ, кои имаат социјални барања, како и барање за промена на кантоналните челници, а основното нивно барање е поднесување на оставка од страна на актуелната власт на сите нивоа за формирање на нова демократска власт, која ќе има повеќе разбирање за речиси две децении долгото осиромашување во кое живеат.
Владата одби да поднесе оставка, а предлогот за измена на изборниот закон денеска е предаден во Парламентот.
Денеска околу 700 демонстранти се собраа во Сараево пред зградата на Федералната Влада и побараа оставка од премиерот Нермин Никшиќ и предлагаат да се направи експертска преодна влада до изборите.
Тие исто така бараат оставка од членот на Претседателството на БИХ Бакир Изетбеговиќ, од претседателот на Федерацијата БИХ, Живко Будимир и оставка на Обвинителството со предупредување „дека демонстрантите ќе ги симнат од власт ако тоа сами не го направат“.