Босна се подготвува да одбележи 100 години од убиството на австрискиот надвојвода Франц Фердинанд, акт што ја предизвика Првата светска војна.
Културни и спортски настани, вклучувајќи концерт на Виенската филхармонија, ќе ја одбележат пригодата во Сараево.
Гаврило Принцип, кој го застрела наследникот на Австро-унгарскиот престол, продолжува да биде фигура на несогласувања во Босна.
Истрелите од страна на босанските Срби на 28 јуни 1914 ги вовлекоа големите сили на Европа во четири години на војување.
Босанските Срби, Хрватите и Бошњаците муслимани се уште се поделени околу улогата на Принцип во тензиите кои ги донесе во Европа во 1914 година, а токму и затоа контра-комеморации се планирани од страна на босанските Срби.