Специјалците кои ја чуваат зградата на Обвинителството на кантонот Сараево денеска ги симнаа кацигите и ги спуштија штитовите.Ова предизвика бура од реакции и воодушевување кај насобраните демонстранти.
Неколку стотици илјади демонстранти денеска повторно се собраа пред зградата на Претседателството на БИХ барајќи оставка на Владата на кантонот Сараево и Владата на Федерацијата БиХ . Граѓаните имаа транспаренти на кои пишуваше “Сакаме закони” и извикуваа “Крaдци”,” Оставки” “Излезете надвор” .
Демонстрантите ги повикаа другите граѓани да им се придружат и порачаа дека сами ќе се пресметаат со хулиганите доколку тие се појават .Тие бараат политичарите да признаат дека се работи за бунт на народот, да се зголемат минималните пензии на 200 евра , да престанат задолжувањата кај ММФ и растот на цените на комуналните улуги.
Тие бараат и ревизија на приватизацијата и на платите на буџетските корисници како и намалување на бројот на кантоните. Демонстрантите бараат смена на владеачката структура на Федерацијата Босна и Херцеговина, на чело со премиерот Нерман Никшиќ кој рече дека е подготвен за оставка ако постои ново парламентарно мнозинство.