Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сараево стана небезбедно за новинарите

0
By Нова ТВ on February 28, 2018 ВЕСТИ
Неџат Латиќ, босански новинар
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува Суад Бегановиќ, Прометеј, Босна и Херцеговина

Пред неколку денови одекна веста дека е претепан новинарот Неџат Латиќ. До јавноста веднаш стигнаа фотографии, на кои се забележува очигледна повреда на главата. Латиќ добил повеќе удари по телето, според изјавата која ја даде. Од тој момент јавноста се заинтересира за случајот, а речиси секој чекој во целата ситуација ја покажува распаднатоста на системот во Бих.

Имено, Неџат Латиќ е еден од најпознатите новинари во државата. Со години важеше за човек на системот, поради неговото пријателство со претседателот Алија Изетбеговиќ. Денес, Латиќ е независен новинар кој поседува сопствен портал. Долгогодишната врска со владејачката партија, СДА и разминувањето со неа му овозможи одлично познавање на ситуацијата одвнатре и сега пишува за тоа. Често во јавноста е перцепиран како човек со инсајдерски информации.

Нападот го опишува вака: „Бев во џамија, и кога тргнав дома, забележав дека ме следи еден човек кој го знаев од претходно од гледање, и кој се клања во истата џамија со мене. Се работи за припадник на вехабиската заедница. Ме нападна додека приоѓав на зградата во која живеам.“

Потоа Латиќ го изјавува и следното: „Повикав брза помош и полиција. Двајца полицајци дојдоа во станицата за итна помош, каде што им реков дека го познавам напаѓачот, верувајќи дека тие веднаш ќе реагираат. Меѓутоа, тие ми предложија по прегледот во болница, утре да отидам во полициска станица и да го пријавам напаѓачот.“

Со оглед на фактот дека му рекле да дојде утре, Латиќ смета дека тоа е свесна опструкција и недостаток на желба да се направи нешто по тоа прашање. Тоа го поткрепува и со докази, со напомена дека ова е веќе трет напад врз него. Имено, веќе речиси две години Латиќ предупредува дека му се закануваат преку мрежите, дека безбедноста му е загрозена и дека зад тоа стои свесно дозволување од системот.

„Се тоа уредно го документирав и пријавував на министрите на полицијата Предраг Куртеш, Ведран Мулабдиќ, но и на Бакир Изетбеговиќ на 3 мај 2017 година.

Бакир (Изетбеговиќ, син на Алија Изетбеговиќ и претседател на СДА) ме упати на директорот на ОСА (Обавештајно сигурносна агенција), а тој наместо да ме прими, рече дека „пишувам сешто“.

Изетбеговиќ му достави документација за личноста која ми се заканува со смрт преку Фејсбук, на Осман Мехмедагиќ Осмиќ, директорот на ОСА. Го сретнав во еден ресторан Осмиќ, сакајќи да му се најавам за разговор кај него, а тој почна да ми проповеда дека „сешто пишувам“, така до разговор воопшто не ни дојде.

Со оглед на ваквиот однос на органите на прогонот, Латиќ смета дека ова е обид за негово убиство. Од порано е познато во медиумите дека пред неколку месеци Латиќ преживеа инфаркт и како тежок срцев болесник е нападнат од кик-боксер.

„Мојата проценка е дека овој напад е планиран и нарачан од тие центри со намера да ме убие напаѓачот! Имајте во предвид дека неодамна имав инфаркт и се наоѓам во многу лоша здравствена состојба“ – изјави тој.

Зилџиќ (во костум) и напаѓачот (најдесно со брада)

Се испостави деак Латиќ, сомневајќи се дека полицијата ќе направи нешто, веднаш ги извести новнарите, побара снимка од надзорната камера во близина на џамијата и го препозна својот напаѓач, и објави негова фотографија. Со оглед на неговата популарност, медиумите го проследија секој чекор од оваа истрага.

Истрагата беше бавна, а најпосле уапсениот напаѓач беше пуштен, без да му биде одредена било каква мерка за забрана.

Салко Зилџиќ

Медиумите, како и самиот нападнат новинар, ја истражија врската на напаѓачот и дојдоа до застрашувачки податоци. Повеќето навестуваат дека напаѓачот е во врска со СДА, најсилната партија која е на власт последните дваесет години. При тоа, постојат фотографии кои сведочат дека напаѓачот се дружи со некои од главните луѓе во СДА, како Салко Зилџиќ, советник на Алјоша Чампаре, кој е министер за внатрешни работи на БиХ. Да резимираме, напаѓачот е во врска со самата полиција.

Алјоша Чампара

Наведениот случај повеќето го доведуваат во врска и со расколот во СДА кој моментално ги дели членовите на неколку фракции. Нервозата која го следи губењето на моќта се рефлектира во диктаторски методи на заплашување на критичарите како Латиќ.

Јавноста реагираше брзо и бројни партии од опозицијата, здруженија на новинари и поединци го осудија овој напад. Повторно не и се брзаше на СДА и владејачката гарнитура. Сараево и отворено стана град опасен по новинарите.

“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.