Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сашко Георгиев избран за претседател на Судскиот совет

0
By Jane Gjorgioski on May 4, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судскиот совет попладнево на итна седница со осум гласа  „за” и четири „против” го избра судијата Сашко Георгиев за нов претседател.

Седницата ја водеше заменикот Селим Адеми, кој пред гласањето посочи дека претседателот на Судски совет се избира со осум гласа од членовите со право на глас.

На седницата не присуствуваше претходната претседателка на советот Весна Дамева.

Пред гласањето Георгиев рече дека гордоста е на негова страна што го предлагаат и оти го прифаќа предлогот само ако е од сите заедно сплотени.

-Очекувам само сите заедно, сплотени и надпросечен придонес да ја вратиме довербата пред се меѓу нас и граѓаните. Затоа ве повикувам, доколку овој предлог излегува искрено, само сите заедно ќе го прифатам овој предизвик. Ве повикувам сите, да придонесеме, доколку стоите позади мене го прифаќам предлогот, изјави Георгиев.

Членовите на советот Мирјана Радевска Стефкова, Зоран Герасимоски, Ивица Николовски и Мери Радевска, без да образложуваат кажаа дека „принципиелно гласале против” бидејќи, како што посочија Судски совет, Сашко ГеоргиевСудски совет, Сашко Георгиев

гласал за разрешувањето и со тоа и самиот придонел за состојбата во која се најде Судскиот совет.

Судскиот совет, 439-та седница која претходно беше одложена за завчера, ја закажа попладнево на 15 минути пред нејзиниот почеток во 16:30 часот.

Весна Дамева беше разрешена неочекувано минатата среда на јавна седница на Судскиот совет,  Директен повод за разрешување на Дамева било нејзиното одбивање да стави на дневен ред нова точка и наводното криење на писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер. Нејзиното разрешување го иницира заменикот Селим Адеми, кој по неколку часа тензии и расправии, доби поддршка од 7 од 13 члена на Советот за остратнување на Дамева од претседателското место.

Дамева, по гласањето за нејзино разрешување обвини дека „Советот е претворен во анархија“, а одлуката ја оцени како противзаконска и донесена „за да се задоволат одредени поединци од политиката“.

Разрешувањето на Дамева и случувањата во Судскиот совет предизвикаа бројни реакции во јавноста, а правите експерти го оценија како нелигитимно.

Сашко Георгиев Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.