Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сашо Тасевски за НОВА: Началниците назначени од Чулев се срамат од него

0
By Нова ТВ on May 31, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 31, 2020 10:34

По прозивките во јавноста околу одговорноста за непочитување на мерките за заштита од епидемијата поради што се случи драматичен пораст на новозаболени министерот за внатрешни работи прстот го впери во директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.

“Доколку имаат сомнеж дека полицијата не постапувала соодветно, тоа прашање треба да го упатат до Директорот на Бирото за јавна безбедност и од него да побараат одговорност. Јас во неколку наврати усно преку Координативното тело на МВР, но и писмено побарав навремено, неселективно, целосно и соодветно спроведување на одлуките на владата. Заштитата на здравјето, не е политика. Тоа е оперативно постапување на полицијата што е во целосна надлежност на Директорот за јавна безбедност, факт кој тој во неколку телеграми го потврди и потенцира, порача Чулев на својот Фејсбук профил” изјави министерот Наќе Чулев.

Од своја страна директорот на БЈБ, Сашо Тасевски ги отфрла овие обвинувања во неговата прва изјава дадена за јавноста од назначувањето на функцијата директор на Биротот за јавна безбедност. Во изјават дадена за НОВА, Тасевски побара полицијата да биде ослободена од интересот на партиската политика.

“Јас сум професионалец кој својата кариера ја изгради воМВР, чекор по чекор, без дамки и сенки. Затоа со право можам да кажам дека МВР има професионалци без оглед дали се политички определени или неопределни кои ја сакаат државата и сакаат да работатат почитувајќи ги професионалните принципи. Ако тие се ослободат од партискиот притисок полицијата ќе постапува со сиот свој капацитет и интегритет.

Јас не сум политичар, и затоа нема да се впуштам во преписки со времениот, технички министер. Само ќе го потсетам на неговите изјави дека полицијата нема да казнува и затоа храбро нека се соочи со последиците од таквите негови изјави. Началниците назначени од него се срамат од своите постапки и се борат со нивниот професионализам од една страна и партискиот притисок од Чулев од друга страна.

Зголемувањето на бројот на заболени покажа дека тие партиски мотивирани насоки се одразуваат лошо на сите нас. Колегите се свесни за ова и во периодот кој претстои убеден сум дека ќе го корегираат своето однесување и ќе постапуваат во интерес на граѓаните. Полицијата има единсвена задача, да ги заштити чесните и дисциплинирани граѓани, а да ги казни оние кои не ги почитуваат правилата. И тука не смее и нема да има простор за политичко-партиски калкулации

Исто така би сакал да напоменам дека во МВР има формирано координативно тело со кое раководи техничкиот министер со цел да се бори со пандемијата. Очигледно е дека полтиките кои ги води техничкиот министер во ова тело а кои се операционализираат во оперативата на БЈБ не се на задоволително ниво за кои јас како директор побарав да се променат но не наидов на разбирање” изјави за НОВА, директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.

Тасевски кој во јавноста стана познат како полициски службеник задолжен од МВР за обезбедување на лидерот на тогаш опозициската СДСМ ,Зоран Заев кој извади огнено оружје при инцидентите во Собранието на 27 април, по што дојде до смирување на состојбата и повлекување на толпата во обид физички да ликвидира пратеници од СДСМ.

Сашо Тасевски беше назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност на 22 август 2019 година по разрешувањето на тогашниот директор Лазо Велковски.
Инаку Тасевски е магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност во Идризово. Од 2001 година има работено кај претседателот на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На почетокот на кариерата бил припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“. Има посетувано курс за обезбедување ВИП личности во САД, во 2004

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 22, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

ВЕСТИ April 22, 2026

Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии. Законот треба…

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.