Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Савески: Сè уште се соочуваме со опасност од затворска казна

1
By Нова ТВ on June 15, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Демонстрантот и член на партијата „Левица“ Здравко Савески вели дека сè уште постои опасност од затворска казна за него и неговиот сопартиец Владимир Куновски поради тоа што тие не признаваат вина за демолирањето на Народната Канцеларијана Иванов на 14. април годинава.

Савески и Куновски по 50 дена поминати во куќен притвор, вчера го добија правосилното решение со кое притворот се укина, а судот одлучи до конечното судење да им бидат одземни пасошите и тие да се јавуваат еднаш неделно во судот.

Савески на денешната прес-конференција, ден по излегувањето од куќен притвор повика да престане кривичното гонење кон демонстрантите на Шарената револуција, против кои досега МВР има поднесено речиси 40 кривични пријави.

-Повторно е спроведена селективна правда за нашиот случај, бидејќи нас ни е одземен пасошот, додека за далеку поголеми сомневања за кривично дело, од далеку посериозен карактер, на особата Н.Г. не му е одземен ниту пасошот, а камоли да му биде одредена мерка притвор. Ние не ја признаваме вината, бидејќи во дадениот случај наш, Владимир изнесуваше столици од канцеларијата и сокови, додека јас фрлив едно јајце врз канцеларијата и ја запалив фотографијата на Претседателот. Тоа по ниту едни правила не може да се смета како учество во толпа која сторила кривично дело. Поради тоа не го признаваме нашето дело и режимот може поради тоа што не решаваме да ја свиткаме кичмата да ни одреди затворска казна, рече Савески.

Коментирајќи ја оставката на вицепремиерот Зоран Ставрески, тој рече дека време е целата Влада пдо итно да си поднесе оставки, бидејќи, како што тој вели, власта со антинародните политики довела до пораст на сиромаштијата.

-Сакаме да му заблагодариме на Зоран Ставрески што вчера ни го разубави денот, бидејќи чекаше да ние го добиеме решението за пуштање од куќен притвор за тој да поднесе оставка. Се надеваме дека под итно оставки ќе поднесе и целата Влада на Република Македонија, бидејќи едноставно немаат легитимитет и да создадат простор за формирање на преодна, експертска Влада која ќе организира фер и демократски избори. Предлозите треба да ги даде МАНУ или Интеруниверзитетската Конференција со цел најквалитетните луѓе кои се морално подобни да бидат дел од таа Влада која ќе организира избори. Левица дава полна поддршка на протестното движење да биде вклучено во преговори бидејќи не смеат да бидат игнорирани граѓаните кои протестираа, вели Савески.

Главната расправа за Савески и Куновски  е закажана за 6. јули, бидејќи од судот посочија дека ќе им треба дополнително време да се прибави и договорот за закуп на Канцеларијата на Иванов, со цел да може да се утврди дали таа е во државна сопственост.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.