Светска банка излезе со охрабрувачки проекции за економските движења во земјава и според нивните пресметки годинава економијаата ќе забележи раст од 3,6 проценти, а за следната прогнозите се дека ќе биде достигнато нивото пред пандемијата.
Според проценките на СБ јавниот долг расте но нема да надмине 65 отсто.
Експертите советуваат Владата да продолжи финансиски да го поддржува стопанството и потенцираат сите идни активности да бидат навремени и точно насочени кон најпогодените за да нема импликации врз буџетскиот дефицит.
На долгорочен план, пак, треба да се работи на фискалната одржливост, зајакнување на човечкиот капитал, градење силни институции и владеење на правото. Но главен приоритет, според Светска банка, во моментов треба да биде забрзување на КОВИД имунизацијата.