„На адресата “Васил Ѓоргов“ број 24, зграда во населбата Капиштец, каде во стан 27, верувале или не има пријавено дека живеат 31 лице, кои се евидентирани како гласачи во Избирачкиот список. Лицата кои што се запишани како гласачи се сомневаме дека се од Мала Преспа од Албанија кои треба режимот да ги злоупотреби на денот на гласањето“, изјави денеска Игор Ивановски.
„Ова не е единствениот ваков случај кој до овој момент го откривме и се работи за лица кои не фигурирале досега на ниту еден Избирачкиот список“, вели Ивановски.
Само на овие адреси “Аминта Трети“, Булевар “Илинден“, “Васил Ѓоргов“, “Димитрие Чуповски“, “Јордан Мијалков“, “Киро Крстевски-Платник“, “Максим Горки“, “Стале Попов“, “Франклин Рузвелт“, Булевар “Страшо Пинџур“, “Даме Груев“, “Димче Мирчев“, “Коле Неделковски“, “Мирослав Крлежа“, “Народен Фронт“, “Орце Николов“, “Свети Николска“ и Булевар “ВМРО“ се запишани најмалку 345 фантомски гласачи.
Во видео записот од СДСМ проследете ја мини анкетата спроведена на дел од овие адреси во Центар. Дел од лицата самите признаваат дека се од Мала Преспа од Албанија и дека ќе седат до денот на изборите.