Данела Арсовска во својот отчет излажа дека во првите 82 од мандатот ги исчистила сите депонии на територија на Град Скопје. Дивата депонија во Општина Карпош е една од многуте диви депонии кои се неисчистени, додека Арсовска ја лаже јавноста дека нешто работи.
Идентично е и во секоја друга скопска општина, депониите не само што не се чистат туку секојдневно никнуваат и нови.
За 82 дена од мандатот единствено што Арсовска успеа да направи е да постави мобилни тоалети, да нивелира шахти и да ја партизира градската администрација. По првите три месеци од мандатот јасно е дека Арсовска е најнеуспешната градоначалничка на Град Скопје, се наведува во соопштението од СДСМ.