Нема учебници, СДСМ бара оставка од Јаневска! Помина половина месец од почеток на учебната година, а учебници нема за илјадници ученици. Ова е најдобар доказ за целосната неспособност на министерката Весна Јаневска, рече на прес конференција Јованче Манасков од СДСМ.
Тој потсети дека Јаневска тврдеше дека на 1 септември ќе има учебници за сите ученици, а денеска учебници се уште нема и тие што ги има се искинати и парталави.
Со една работа се пофали Јаневска и излажа! Учебници нема! Признанието на Јаневска дека учебници нема, но дека допрва ќе се обезбедувале преку донации е скандалозно. Па што му е работа на Министерството за образование и наука, да моли донации или навреме да обезбеди книги за децата?! За што е платена Весна Јаневска од граѓаните? За сликање или за обезбедување на основните услови за настава?, потенцираше Манасков.