Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ бара зголемување на 160 денари за студентски оброк

0
By Marija Todorovska on September 6, 2025 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска сме тука да го кажеме она што секој студент го чувствува секојдневно: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги остави студентите сами, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ – прес-конференција на Трајче Стојчевски, претседател на СДММ.

Во време кога животните трошоци растат вртоглаво, кога храната станува сè поскапа, студентскиот оброк остана замрзнат на 140 денари и власта оваа година нема намера да го зголеми.

Тоа значи дека денес студентите реално имаат помал оброк отколку пред две години.

Кога ВМРО-ДПМНЕ кога беше опозиција, гласно бараше студентскиот оброк да биде 160 денари. Денес, кога ја имаат власта, молчат и не прават ништо. Уште една лага во низата на ВМРО-ДПМНЕ.

Студентите знаат дека мерката студентски оброк е мерка на СДСМ, и последен пат во 2023 година, износот беше зголемен од 120 на 140 денари, вели Стојчевски.

Но тој потенцира дека оттогаш цените пораснаа многу побрзо. Стојчевски напомена дека според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2025 година трошоците на животот се зголемени за 4,5% во споредба со лани.

Не може да има пари во најголемиот буџет во историјата за папаја, манго и луксузи на функционерите, а за студентите да нема пари.

СДММ бара зголемување на сумата за студентски оброк на 160 денари.

Бидејќи власта не ги есапи студентите бараме системско решение: автоматска индексација според цените на храната или јасна формула за годишно усогласување.

Наместо папаја и манго за функционерите, власта нека обезбеди средства за студентите.

Студентите не бараат луксуз. Бараат достоинствен оброк и елементарни услови за живот и студирање, рече на прес конференција Трајче Стојчевски, претседател на СДММ.

СДММ Студентски оброк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.