Видлива е асинхроноста во јавните настапи на коалиционите партнери во однос на прашањето за спорот со името и во однос на последниот предлог на медијаторот Нимиц, се вели во денешното соопштение за јавноста од СДСМ .
„Нелогично е премиерот Никола Груевски да молчи за предлогот на Нимиц, да не ја информира ниту јавноста ниту опозицијата, а лидерот на ДУИ, Али Ахмети содржината на предлогот да ја соопштува од соседна Бугарија.
>>Ахмети: “Горна Македонија” е последниот предлог на Нимиц
– СДСМ го повикува премиерот Груевски итно да ги повика сите релевантни политички партии и да ги изложи информациите за преговарачкиот процес, деталите од предлогот на Нимиц и ставот на владата и на државниот врв по ова прашање“, стои во соопштението до Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.