Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСM и ВМРО ДПМНЕ вечерва одлучуваат што по референдумот

0
By Соња Петрушевска on October 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Два дена по референдумот, партиските раководства на  СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ вечерва ќе одлучуваат за своите идни потези. Деликатнатата позиција во која се најде државата остава неколку опции – или да се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието за усвојување на уставните амнадмани со поддршка од дел од пратениците на ВМРО ДПМНЕ  што во овој момент се чини невозможно, да се организираат нови избори, или да се формира широка Влада.

На пратеничката група на СДСМ, заедно со албанските партии им недостигаат 8 пратеници за гласање на уставните амандмани во Собранието кои се носат со двотретинско мнозинство, односно со 80 гласови.

СДСМ може да се обиде да ја добие поддршката од тројцата пратеници од Социјалистичката партија – Владанка Авировиќ, Љупчо Димовски и Стојан Миланов, од пратеникот Панчо Минов на ГРОМ и од Зеќир Рамчилович од партијата на Бошњаците „АВАЗ“, но и со нив не се стигнува до потребниот број на пратеници потребни за отворање на Уставот. Пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои гласаа на референдумот – Драган Данев и Даниела Рангелова, веќе се изјаснија дека без консензус нема да подржат уставни измени.

Ваквата ситауција, неминовно води до избори или до ново Пржино коментираат аналитичари за НОВА ТВ.

И Зијадин Села од Алијансата на Албанците се согласува дека избори мора да има, но прво да поминат уставните измени.

„Уставните измени мора да поминат. Дури и мнозинството да излезеше и да гласаше на референдумот, исходот ќе мораше да заврши во Парламентот. Сега политичарите треба да соберат сили, да направат внатрешни компромиси со сами себе и овие уставни измени да поминат. Но и да поминат уставните измени, државата мора да оди на нови избори, но друго е да се оди на избори со усвоени уставни измени, вели Села за НОВА ТВ.

Во однос на информациите за формирање на широка коалиција до влезот на државата во НАТО , Села вели дека „за ова прашање требаше да се размислува пред рефрендумот, но не е премногу доцна и сега“.

„За вакво важно прашање, за промена на името и за уставни измени одговорноста треба да се подели, но да се поделат и заслугите. Широка коалиција од сите политички чинители ќе покаже дека  се работи за компромиси  кои се прават за земјата да стане членка на НАТО и да ги почне преговорите со ЕУ. Тоа би се ценело и кај пријателите од Европа но и во домашната јавност“ кажа Села за НОВА ТВ.

Љупчо Петковски од Евротинк очекува дека има обид за договор меѓу партиите, но рано е да се каже како ке заврши.

„Ако не се постигне договор на ново „Пржино 3“, ќе има избори“, вели Петковски.

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски веќе ги испорача барањата на опозицијата и власта експресно ги одби. Тој побара  смена на државниот јавен обвинител со нов опозициски обвинител и формирање на собраниска анкетна комисија за референдумот.

„Менување на државниот јавен обвинител и назначување на нов, предложен од опозицијата за да ги испита сите нерегуларности на референдумот, но и на целото владеење на СДСМ во изминатава година ипол. Ќе предложам на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да предложи формирање на анкетна комисија во Собранието, која ќе се позанимава со целокупниот процес на референдумско изјаснување, ќе го разгледа од моментот на организирање на кампања, колку средства, за што се трошени, колку чинела секунда во поедини медиуми, па се до бруталното
полнење – кажа Мицкоски.

Од СДСМ одговорија дека со барањето за смена на обвинителот, Мицкоски всушност бара амнестија.

„Во клучен период за иднината на државата, Мицкоски уште еднаш покажува дека не му се важни ниту граѓаните, ниту државата. Единствено Мицкоски се грижи за амнестијата на неговиот Никола Груевски“.

Должност на сите политичари, вклучително и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, е да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани. Наместо да бара амнестија, Мицкоски да побара од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани, да ги забрзаме процесите  за конечно членство во ЕУ и НАТО“ одговорија од СДСМ.

Од СДСМ исто така кажаа дека нема да се формира техничка Влада пред одржувањето на изборите, бидејќи доколку се одржат тие ќе бидат итни.

Со вакви спротиставени ставови, не се наѕира брз излез од политичката криза во која влегува државата.

Извршниот и Централниот одбор на СДСМ вечерва се очекува да одлучат дали партиското раководство ќе се обиде да ја одоброволи опозицијата  или ќе  поднесе иницијатива за распуштање на парламентот.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека на седницата на Извршниот комитет ќе дискутираат за се  што се случувало на референдумскиот ден, резултатите и што понатаму. Од таму додаваат дека „сите мора да ја почитуваат волјата на граѓаните која се виде на референдумот и кој беше неуспешен“.

Доколку има вонредни избори тие би требало да се распишат веднаш и да се одржат во најкус можен рок од 45 дена.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.