СДСМ денес излезе со нови податоци за, како што велат, лажно регистрирани гласачи кои треба да се злоупотребат на денот на изборите.
Како што информираше Игор Ивановски од СДСМ, се работи за следниве податоци: На адресата “Димитрие Чуповски“ број 20, во населбата Центар, влез 1 стан 1, регистрирани се 29 лица, всушност од Мала Преспа од Албанија.
– Само во Ресен за прв пат во Избирачкиот список идентирани се 506 нови фантомски гласачи, сите од Мала Преспа, Албанија.
– Во Ресен на адресите на улиците “Коле Неделковски“ број 27, запишани се 31 лице, “11 Септември“ број 95, запишани се 30 лица, “Јосиф Јосифовски“ број 40/2, запишани се 17 гласачи, на улица “10“ број 23, запишани се 34 лица.
СДСМ обвинува за сериозен државен криминал, кој се спроведува во повеќе општини и во повеќе изборни циклуси, при што како што вели Ивановски, „ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ги добиваат изборите со нивен меѓусебен договор за издавање на нови државјанства и живеалишта секаде каде оцениле дека се работи за нив несигурни општини.
Од кога се на власт ВМРО ДПМНЕ и ДУИ внесени се нови 47 130 илјади лица во Избирачкиот список по основ на државјанство и живеалишта. Овие лица не се лица кои и претходно живееле во Македонија и станале полнолетни за да гласаат, туку се работи за сосема нови лица.
Конкретно во Сарај таа бројка на нови гласачи изнесува 1137, во Врапчиште 2449, во Чаир 1739, во Гостивар 3794 или Тетово 2117, кои на локалните избори преку злоупотреба токму на овие гласачи им се овозможува предност на владејачките партии над опозициските.”