Гувернерот Богов во денешното интервју на МРТВ дополнително се дозаплетка во своите лоши калкулации со официјално објавените податоци на Меѓународниот монетарен фонд, поврзани со јавниот долг, реагира СДСМ.
– Изјавата на Гувернерот дека во бројките за висината на јавнот долг што ги објавува ММФ има околу 800 милиони евра обврски на Народната банка е демантирана директно од Меѓународниот монетарен фонд. Тоа, во најмала рака е срамно за еден Гувернер.
– Во официјално објавените податоци од Меѓународниот монетарен фонд, децидно е објавен јавниот долг, со посебно нагласување дека ова е јавен долг без долгот на Народна Банка.
– И тој изнесува 44, 8 % од бруто домашниот производ без најновото задолжување од 500-тини милиони евра!
– Податоците на ММФ, кои се во прилог и на оваа реакција, се јавно достапни на интернет страната на Меѓународниот монетарен фонд и граѓаните имаат можност да ги проверат и да ги потврдат, соопштуваат од опозицијата.