Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за манипулации со фотографии од пред две години, кои ги претставува како сегашни

0
By Mirjana on September 19, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: Локално
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Една од темите на која денеска се спротивставија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се фотографиите кои опозициската партија ги толкува како сегашни а на кои се премиерот Заев и министерот за здравство Филипче, што пак владејачката партија го оцени како потег на капитулација на центарот за манипулации на ВМРО – ДПМНЕ.
-Деновиве капитулираше центарот за манипулации на ВМРО-ДПМНЕ, во очај фотографии од пред две години ги објавуваат како сегашни за да пласираат соопштенија преку кои безобразно лажат.
Подмолноста и деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски го достигнаа врвот.
Уште еднаш се потврди дека за оваа партија ниту се важни граѓаните, ниту е важен здравствениот систем, ним им е важно само да се обидат да спечалат некаков ситен политички поен дури и во време на големи несреќи.
Освен што ќе бидат запаметени дека постојано се на страната на коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоки ќе бидат запаметени и по тоа што ги  злоупотребуваат чувствата на семејствата на загинатите во пожарот, исто како што претходно ги злоупотребуваа чувствата на семејствата на починатите од коронавирусот.
Нема крај на подмолноста и нечовечкото однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, наведуваат во соопштение социјалдемократите.
ВМРО-ДПМНЕ, објавувајќи стара фотографија, според тврдењата на СДСМ, преку соопштение споделија:

-Видовме од фотографиите по социјалните медиуми дека за Филипче и Заев поважни се грчките плажи од животот на 14-те изгорени во Тетово.Но, затоа десеттина дена по случајот во Тетово каде изгоре модуларната болница ниту има детали за починати, ниту нивен идентитет. Нема ниту одговори на клучни прашања за тоа како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин, дали министерството за здравство побарало од изведувачот минимум стандарди за градба на модуларните бараки, зошто немало противпожарни апарати, зошто немало доволно медицински персонал, дали основното јавно обвинителство ја слушна изјавата на премиерот кој призна дека е длабоко инволвиран во истрагата која мора да биде непристрасна и објективна?Како тргнала работата според одредени сознанија се чини дека фиктивната оставка на Филипче ќе биде најмал проблем, се наведува во соопштението на опозициската партија.

 

ВМРО-ДПМНЕ СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.