Published: Tuesday, October 4, 2016 15:25
Залудно министерката Канческа Милевска сака да го скрие од јавноста злосторството што го направи врз културното наследство на Плаошник.
Власта го уништи преубавиот поглед на локалитетот Плаошник, иако УНЕСКО ги предупреди да не го прават тоа, се вели во соопштението од СДСМ.
– Сите граѓани на Македонија со свои очи видоа дека ВМРО-ДПМНЕ го упропасти и забетонира едно од најубавите места во Македонија.
Ветуваме, уништувачите на културното наследство ќе одговараат, а граѓаните и туристите ќе бидат сведоци на вистинска грижа и заштита на културното богатство на Плаошник и Македонија, се вели во соопштението.




