Социјалдемократите позитивно одговорија на повикот на Државната изборна комисија да номинираат свои членови во избирачките одбори.
Повикот на ДИК се однесува на формирање на изборни тела кои ќе ги набљудуваат наредните избирачки циклуси.
Од СДСМ потенцираат дека одлуката да одговорат позитивно на повикот на ДИК не значи дека ја промениле нивната одлука да не учествуваат на локалните избори доколку не биде исполнет нивниот услов, локалните да се одржат заедно со предвремените парламентарни избори.