Не е точно тврдењето на министерот за земјоделство Љупчо Димовски дека досега се откупени 94 проценти од годинешната пченица, регираат денеска од СДСМ.
Според анализата на терен, во пелагониско, над 50 проценти од годинешниот род стои во вреќи по дворовите и амбарите на земјоделците.
Ова не е тешко да се провери. Доволно е само министерот Димовски да ги посети пелагониските села и самиот да се увери колку пченица стои неоткупена, сметаат во СДСМ.
Тие порачуваат власта да не ја доведува во заблуда јавноста со просечната откупна цена од 11-12 денари за килограм. Земјоделците знаат дека пченицата ја даваа за најмногу 10 денари за килограм, посебно оние најсиромашните, кои се мачат да обезбедат средства за елементарни потреби: комбајн, струја или вересии по продавниците и земјоделските аптеки.
„Состојбата на терен е загрижувачка и земјоделците со право очекуваат, наместо манипулативни утешни изјави за во јавност, конкретна помош од Владата“, констарираат во СДСМ.