НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ најави тужби против Латас и „Курир“

0
By Нова ТВ on March 29, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СДСМ најави тужби против, како што стои во денешното нивно соопштение, режимските мегафони кои се обидуваат да го исперат ВМРО ДПМНЕ за своите срамни одлуки за изборниот процес во Кичево и токму заради сите изнесени невистини и клевети најавуваме тужби против новинарот Драган Павловиќ-Латас, главниот и одговорен уредник на Сител Телевизија, Горан Иванов и против одговорните лица на интернет порталот “Курир“.

Факти за поднесувањето на тужбите според СДСМ се следни:

Прво, приговорите кои ВМРО ДПМНЕ ги достави до ДИК се однесуваат за две гласачки места 0793 и 0734 во Кичево, каде вкупно има запишано 1990 гласачи. Бидејќи разликата која во своја полза ја има Фатмир Дехари е 2330 гласови, дури и сите запишани гласачи на овие две оспорени гласачки места да гласаат 100% за Благоја Депостоски, не е возможно да се смени изборниот резултат. Оттука, изнесените манипулации на Драган Павловиќ-Латас и Сител Телевизија и интернет порталот Курир дека доколку се поништело гласањето на овие изборни места ќе се сменел исходот во Кичево, се најобична лага. Инаку, на 24 март, Благоја Деспотоски на локалните избори во овие оспорени гласачки места, во 0793 освоил само 3 гласови, а во 0734 освоил 219 или вкупно 222 гласови. Овој податок најдобро говори зошто ВМРО ДПМНЕ ги избрал овие гласачки места за приговори.

Второ, дека ВМРО ДПМНЕ глуми патриотизам најдобар доказ е фактот што приговорот за едно од вкупно двете оспорени гласачките места-0793 каде има запишано вкупно 1173 гласачи, членот на извршниот комитет на владејачката партија, Владимир Пешевски го доставил во ДИК на 25 март во 00:30 минути, односно 30 минути после законскиот рок во кој можел да го достави, што за нас не е сфатливо како вицепремиер може случајно да направи ваков пропуст. Или е неспособен или намерно го направил формалниот пропуст.

Трето, не е точно дека претставниците на СДСМ во ДИК гласаа против овие приговори, туку
се воздржаа од гласање, заради цврстата определба да ја почитуваме правната држава и
Изборниот закон, и да не бидеме соучесници во незаконската и политички провидната игра
на ВМРО ДПМНЕ за Кичево, преку која треба да се сокријат гнасните валканици на режимот и лажниот мит за Никола Груевски.

На крајот од СДСМ истакнуваат дека очекуваат дека ова соопштение да биде објавен во форма на демант интегрално на Сител телевизија и порталот Курир.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.