Во прес-центарот на Социјалдемократскиот сојуз за сега се присутни само новинарските екипи.
Салата е подготвена за првата прес-конференција за која нема конкретено време но се очекува како и при првиот изборен круг, да биде одржана после 20 часот.
Мирно е и пред штабот на партијата на Бихаќка со оглед на тоа што се уште нема официјални резултати. Забележително е дека малку присутните шпекулираат меѓусебе за можниот исход по вториот круг во кој се гласа во 35 општини.