Вечерва заврши Извршниот одбор на СДСМ, со одлука тројцата кандидати да одат на Конгресот на 2 јуни. Сепак, изненадувања се можни, изјавуваат за НОВА високи извори во СДСМ, со оглед на тоа што пред Конгресот следува Извршен одбор на кој би се подготвувале списоците, а после него и Централен одбор, кога евентуално би се променил ставот на тројката Игор Ивановски, Зоран Јовановски и Зоран Заев.
Оттука, засега пропаднаа две идеи: за селекција на тројцата кандидати, со што би отпаднал еден или втората, да се договорат кандидатите за еден од нив, како заеднички избор кој би одел во трка со Кире Наумов, кој е четвртиот кандидат за лидер на СДСМ.