Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски денеска во 13 часот на прес-конференција во седиштето на партијата ќе му понуди на премиерот Груевски нов предлог за излез од кризата, како што дознава НОВА од врвот на Партијата.
Најпрвин, барањето на СДСМ е одложување за десетина дена на рокот за доставување на кандидатури за градоначалници и советнички листи, како и веднаш да се распишат предвремени парламентарни избори доколку СДСМ добие еден глас повеќе на локалните избори.
На тој начин самиот народ на своевиден референдум би одлучил за одржување на параламентарни избори.