НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ резигниран од Националната програма за култура

0
By Нова ТВ on January 23, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СДСМ и Советот за култура при СДСМ искажува огромна резигнација што Министерството за култура се уште продолжува со практиката на носење Годишната програма за проекти од национален интерес на начин којшто е надминат, нетранспарентен и во крајна инстанца не го пропишува и не го остварува националниот интерес. Ваквата инерција покажува дека Министерството за култура нема никаква визија, компетенции и желба да ги менува состојбите во уметноста и културата кон подобро.

Недозволиво е Национална програма да се објавува како збир од називи и имиња на проекти (при што дури и тие се погрешно или непотполно пренесени), без резимеа, без образложение на одлуките и без износ на доделените средства, соопштува Советот за култура при СДСМ.

„Министерството за култура продолжува да ги крие имињата на комисиите што ги носат програмите, со што оневозможува јавноста да има увид во нивната компетентност, воедно создавајќи една кафкијанска атмосфера во која оние што треба да поднесуваат приговори не знаат кому му се обраќаат и кого треба да повикаат на одговорност. Анонимноста на комисиите ја оневозможува јавната дебата и придонесува кон недемократскиот карактер на целиот процес, нешто што стана одлика на оваа власт. Анонимноста оневозможува да се утврди евентуалниот конфликт на интереси и клиентелизам, што како лоша практика секогаш се провлекува меѓу милениците и корифеите на власта. Пример за тоа е Советот на министерката чии членови наместо висока етичност секогаш трчаат низ програмата како што сакаат и кога сакаат со своите проекти“, реагираат од Советот за култура при СДСМ.

Немањето на јасни критериуми и образложенија оневозможува од изборот на проектите да се изведе издржан заклучок зошто едни проекти и манифестации добиле поддршка наспроти другите, зошто едни списанија се подржани со повеќе броеви, а други со помалку, зошто некои ликовни колонии или саеми добиле подршка а други не.

Годишната програма и понатаму содржи огромен број на непознати имиња и проекти кои не гарантираат врвен уметнички квалитет. Продлабочена е тенденцијата на естрадизација и популаризација на Програмата. Се подржуваат проекти на естрадни ѕвезди и манифестации од популарната култура, коишто во сите нормални земји се дел од независната пазарно ориентирана културна индустрија.

Неприфатливо е што националната програма за култура продолжува да биде паричка за поткусурување на уметниците и културните работници што и служат на оваа власт и на оние што не се согласуваат со владините политики.

За СДСМ е неприфатливо тоа што националната програма продолжува да се дели на македонска и албанска, при што членовите на комисиите очигледно не се мешаат во работата на едните и на другите.

За Советот за култура при СДСМ е неприфатливо тоа што Министерството за култура и годинава се јавува како директен организатор на домашни и меѓународни проекти од церемонијален карактер, кои ќе потрошат најголем дел од објавениот буџет, што е недозволива и недемократска практика за една нормална земја, каде што министерството треба да обезбеди непристрасна поделба на проектите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.