„Имајќи предвид што се случува во македонското судство и како се водеше судската постапката против Тито Петковски, пресудата со која за „душевна болка“ Петковски треба да му плати на премиерот 650.000 денари е очекувана“ сметаат од СДСМ и прашуват:
– Клучното прашање е зошто судијата не дозволил вештачење за „душевната болка“ на премиерот Груевски, и зошто сите предлози за изведување на докази од страна на одбраната на Петковски судот ги отфрлил?
– Значи ли тоа дека судиите во Македонија во исто време стануваат и вештаци или, само зборот на Груевски е доволен за пресуда?
>>Тито Петковски треба да му плати на Груевски 650.000 денари
>>Процес Груевски vs Петковски: Интегралниот текст на ФОКУС
Според СДСМ пресудата е изречена на ден пред отпочнување на годишните одмори на судовите.
„Очигледно на судот му беше многу важно итно да пресуди во полза на душевната болка на премиерот Никола Груевски. Во македонското судство ништо не се менува. Хајката и одмаздата на власта против политичките неистомисленици наместо да запре, се верификува преку судски одлуки со скандалозни постапки“, се вели во соопштението до јавноста од опозиционата СДСМ.