Паранојата на самопрогласената ,,најмоќна и најбројна партија” од постконгресното рекомпонирање на СДСМ е повеќе од очигледна. Активирањето на истакнати партиски позиции во СДСМ на врвни професионалци и експерти, луѓе со изграден личен и општествен кредибилитет и со силна доверба и почит во јавноста, е вистински кошмар за ВМРО ДПМНЕ, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Алкесандар Бичиклиски, портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ.
„Груевски ја знае опасноста. Ја чувствува силата и моќта на вака организираниот и екипиран СДСМ. Насетува дека се ближи крајот на неговото владеење. Оттука сиот безобразлук и вулгарност, клеветење и навреди изречени за новото раководство на СДСМ. Ништо ново. Тоа е стилот на владеење на Груевски. Тоа е вистинското, грдо лице на ВМРО ДПМНЕ“, соопштуваат од СДСМ.