Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ тврди: На Мицкоски не му успеја ниту една блокада

0
By Нова ТВ on December 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во пресрет на денешните седници на Собранието, на кои се очекува жестока расправа околу гасоводот на „Макпетрол“ и други теми, СДСМ излезе со соопштение во кое тврди дека и покрај многуте амандмани и опструкции, на ВМРО-ДПМНЕ не им успеја ниту една блокада, освен таа на нивната банкарска сметка.

-ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски во изминатите три години тера политика и стратегија на кочење и блокирање на се, што е во интерес на граѓаните.Меѓутоа на Мицкоски ни му успеа ни една блокада, ни една опструкција, ниту во Собранието ниту надвор од него.Единствена успешна блокада на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се блокираните сметки на партијата во белиот дворец.

Опозицијата во парламентот се обиде да го блокира донесувањето на Буџетот за 2021 година, со што ја загрози исплата на субвенции за земјоделците, на детски и образовен додаток, зголемувањето на платите на лекарите, месечниот надоместок за стечајните работници, но не успеа. И наместо да ја научи лекцијата, продолжува со блокада на низа закони кои се од особена важноста за граѓаните како Законот за административни работници, Законот за работни односи, Законот за внатрешни работи, Законот за здравствена заштита, кој предвидува лекарите, кои исполнуваат критериуми за пензија за време на оваа светска пандемија да продолжат да работат до 67 години, но нема да успеат.

Грчевито се бореа за заштита на криминалот, со опструкции за донесување на законот за јавно обвинителство, но не успеаја да го спречат процесот на прочистување на правосудството и реформата на судството. Со поднесување на илјадници бесмислени амандмани на измените на собранискиот Деловник, опозицијата се обидува да ја закочи работата на парламентот во време на пандемија.

Како што се обидуваат да го блокираат Собранието, ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат улиците со јавни собири на кои масовно се прекршуваат мерките за заштита од коронавирусот. Но масовната непосетеност на нивните таканаречени протести, покажува дека блокадите не им се успешни.

Но, најсрамни и најбезобѕирни се обидите за блокирање и поткопување на здравствениот систем во време на пандемијата со смртоносниот коронавирус.ВМРО-ДПМНЕ на штета на граѓаните, го кочеше донесувањето на Законот за заштита на населението од заразни болести, бараше формирање на паралелна Комисија за заразни болести, го блокираше заемот за опремување на здравствените установи и поставување модуларни болници.Не успеаја и сега се поставуваат модуларни болници во Велес, Тетово, Гевгелија, Струмица, Куманово, Струга, Битола, Штип, Гостивар, Кичево, Прилеп Кавадарци, Кочани, Дебар, Ресен Охрид.

Освен блокади друго не знаат. Толку можат, толку знаат Мицкоски и ова ВМРО-ДПМНЕ, порачуваат од СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.