„СДСМ уште еднаш нема да прифати криминални избори и ќе инсистира на прифаќање на препораките на ОБСЕ и ОДИХР, како и измени на Изборниот законик и прочистување на Избирачкиот саписок. Доколу власта не сака да разговара за ова СДСМ ќе ги искористи сите демократски средства за да спречи такви избори“, дециден беше претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешниот брифинг со новинарите одговарајќи на прашањето дали СДСМ ќе прифатат предверемени парламентарни избори.
Членовите на комисијата брифираат дека биле навистина изненадени и не очекувале дека копјата ќе се кршат околу констатирањето на уставна одговорност за исфрлањето на новинарите од собраниската галеријата.
„Мислевме дека најтешка за утврдување ќе биде уставната одговорност за исфрлените пратеници, не ни помислувавме дека тоа ќе бидат новинарите. Дури мислевме дека прифаќањети на таа одговорнст ќе и отвори врата на власта за подобрување на нарушениот дијалог со новнарите“, потенцираше Радмила Шеќеринска заменик-претседател на СДСМ.
Рената Десковска, член на комисиајата од СДСМ, појасни дека ВМРО – ДПМНЕ инсистирале само да се констатира “дека била нарушена вообиеанта пракса да се следи седница од галерија“.
„Тие прифатија само дека им се одземало правото на новинарите да ја следат седницата на „вообиечаен начин“, односно преку галеријата и дека тие потоа можеле да ја следат седницата преку собранискиот канал бидејќи, станувало збор за седница која не ни била започната“, ги објаснуваше позициите на ВМРО – ДПМНЕ во однос на овој настан, Десковска.
Од СДСМ велат дека за нив ова било неприфатливо бидејќи станувало збор за прекината седница, а во мометот во салата се случувал настан кој новинарите сакале да го следат.
Тие велат дека дури и странскиот експерт кој вообичаено не се мешал во работата едно време прашал зошто е толку проблематичен делот со новинарите реферирајќи на претходна изјава на премиерто Гревски со која тој изрази жалење за случувањата со новинарите.
Љубомир Фрчковски дополни дека атмосферата била коректна исто како и односот на членовите на ВМРО – ДПМНЕ за кои рече дека има и пофалби знаејќи под каков притисок работат.