Според досега обработените податоци од аналитичкиот центар на СДСМ соопштуваат дека се очекува победа на Зоран Заев, кандидатот за гардоначалник на Струмица уште во првиот круг.
Како што информираше пред малку потпретседателот Гордан Георгиев, водството во Куманово е околу 2.500 гласа во корист на СДСМ.
Од досега преброените гласачки ливчиња, Сојузот за иднината води и во општините Кочани, Дебарца, Берово, Ранковце и Богданци.
Извори од СДСМ за НОВА неофицијално коментираат дека кандидатот за градоначалник на Велес, Аце Коцевски може да го освои мандатот во првиот круг.
Се уште не се пристигнати информации од гласањата во поголемите градови низ државата како Охрид, Битола, Прилеп…