Aко навистина се точни тврдењата на Груевски, Ставрески и ВМРО-ДПМНЕ, тогаш тие нека ѝ објаснат на јавноста, бара СДСМ:
– Зошто Македонија останува последна земја по животниот стандард во Европа и во регионот?
– Зошто е последна по висината на личните доходи и по висината на пензиите?
– Зошто е последна според перцепцијата на граѓаните, за тоа колку се среќни од својот живот во Република Македонија?
>>ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ живее во минатото
За овие изминати 7 години, оваа Влада има потрошено 7 милијарди евра повеќе од која било Влада досега во Република Македонија, велат од СДСМ.
>>Николов: До кога оваа Влада ќе се фали со скапите реклами?
Скапите реклами не можат да ја променат реалноста. Тоа може да се случи само со промена на оваа расипничка власт.