Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се бара одговор од Филипче што планира со лабораториите за крв

0
By Менче Атанасова Точи on June 5, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Централизирање на лабораториите кое е предвидено со новиот тендер за реагенси внесе неизвесност и незадоволство кај вработените во биохемиските лаборатории. Поголема група на лекари, биохемичари, биолози, лаборанти денеска одржале состанок со Синдикатот на Клиничкиот центар, по што утре треба да се сретнат со министерот за здравство Венко Филипче. Од него ќе бараат да им ја објасни суштината со централизацијата со која анализи на крв ќе се прават само во 12 лаборатории во државата.

„Има незадоволство и несигурност од оваа централизација. Не се знае што ќе биде со вработените на кои ќе им се намали обемот на работа во другите лаборатории во болниците, тие ќе бидат под притисок дека се вишок. Покрај тоа што може да се јави вишок на вработени, пациентите ќе мора да доаѓаат по 2-3 пати од внатрешноста бидејќи после 10 часот нема да се зема крв. Ова се нови работи кои можат да внесат проблеми  и затоа ќе побараме објаснување од министерот. Доколку е реално тоа што е одлучено, ќе го прифатиме, но ако има отпуштања од работа ќе се спротивставиме“, изјави за НОВА, др. Горан Беговиќ претседател на Синдикатот на Клинички центар.

Од Синдикатот сметаат дека со централизацијата непотребно се оптоварува Клиничка биохемија, а се уриваат лаборатории во болниците и клиниките кои работат добро и вршат многу анализи. Вработените пак, очекуваат дека ќе реагираат и здруженија на пациенти бидејќи со ова се очекува да бидат загрозени и нивните права.

Како што веќе објави НОВА, станува збор за голема централизирана набавка на реагенси за наредните три години за кој министерот за здрваство Венко Филипче смета дека ќе донесе голема заштеда. Стручната фела посочува дека со оваа набавка се предвидуваат тектонски поместувања во  системот на функционирање на лабораториите што ќе има негативни последици за пацинетите, но и за вработените.

Тендерот предвидува вкупно 12 централни лаборатории да ги изработуваат анализите и во нив крвта ќе биде транспортирана од другите здравствените установи во држава. Според најавите, биолошкиот материјал, односно крвта ќе се собира од 10 и 30 до 14 часот, а резултите пациентите ќе ги добиваат дури наредниот ден. На скопоските клиники велат дека ова ќе биде голем проблем не само за воспоствувањето на дијагноза и пружање помош што побргу, туку пред се за пациентите кои од други градови во внатрешноста ќе мораат да патуваат утредента повторно за лекарот да ги види резулатите и да им напише терапија.  Со тоа се создаваат дополнитени трошоци за пациентите, а се зголемуваат и болничките денови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.