Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се чека на доктор од Хрватска за лекот „Спинраза“ да им се аплицира на поголемите деца

0
By Менче Атанасова Точи on November 13, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лекот „Спинраза“ седумте деца со спинална мускулна атрофија ќе го добијат околу 25 ноември кога се очекува да дојде лекар од Загреб за им ја аплицира терапијата, потврди за НОВА, Наташа Најдановска Алуловска, директорка на Клиниката за детски болести.

„Точно е, се чека да пристигне лекар од Загреб со големо искуство во оваа проблематика кој ќе биде присутен на првата апликација. Тоа е така, затоа што кај повозрасните деца, а особено тие што имаат деформитети на рбетниот столб е покомплицирано. Понатаму, ќе превземат нашите лекари“, изјави за НОВА, Алуловска.

Вчера министерот Филипче информира дека лекот е стигнат и дека е аплициран на едно бебе. Станува збор за итен случај, бебе кое морало да ја прими петтата доза од лекот, а претходните четири дози ги прими во Хрватска каде што започна лекувањето.

Меѓу седумте деца кои ќе го добијат лекот „Спинраза“ е и новодијагностицираното тригодишно дете, кое всушност осмо кое има потреба од терапијата. Министерот Филипче вчера рече дека едно од децата веќе живее во странство и тоа нема да ја прима терапијата тука.

„Имаме информација дека едно дете не живее тука веќе со неговото семејство, така што сите деца кои што имаат потреба ќе го примаат овој лек“, рече министерот Филипче.

Тој соопшти дека терапија е обезбедена за една година иако на страната за јавни набавки стои дека е за шест месеци. Тоа ги збуни родителите на децата кои се загрижија дали ќе има континуирана терапија цела година. Од Министерството за здравство со одговор дека станува збор за грешка.

„Согласно објавениот оглас бр. 06002/2019 и точка 1.5.3 од тендерската документација како и од објавениот договор за јавна набавка член 4 набавката се однесува за период од 12 месеци или 365 дена. Во известувањето за склучен договор стои податок времетраење на договорот 6 месеци кој е грешка и истиот ќе биде коригиран“, потврдија за НОВА од Министерството за здравство.

Лекот го набавува фирмата на Силјан Мицевски,односно на неговото потесно семејство Еуро-фарм од Битила, а вредноста на склучениот договор е 154.978.866,00 или 2,5 милиони евра. Лекот се набавува од Италија.

Во договорот со добавувачот каде што се прецизирани сите клаузили на двете договорени страни, меѓу другото стои и дека договорниот орган не е обврзан да ги искористи сите годишни планирани количини од планираната набавка.

Лекот за „Спинраза“, кој дава добри резултати кај спинална мускулна атрофија на Јане Велковски и на уште шест деца кои се регистрирани со оваа болест премиерот Заев им хо вети пред скоро две години. Лекот од минатата година се користи во САД  е одобрен за употреба и во Европа. По многу перипетии и ветувања, терапијата месецов ќе започне да има се дава на децата.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.