Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се чекаат првите вакцини „Фајзер“ од Србија и термините за достава од КОВАКС

0
By Нова ТВ on January 25, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првите антиковид вакцини од „Фајзер“ од директно склучениот договор со овој производител се очекуваат во земјава во средината на февруари. Се чека прецизирање и на терминот кога ќе ги добиеме вакцините од КОВАКС-механизмот на Светската здравствена организација, како и известување за вакцините што ќе ни ги отстапат солидарно земји членки на ЕУ. Но, пред сите треба да стигнат вакцините од Србија, за што е потребна согласност од „Фајзер“, а се наменети за здравствените работници во КОВИД-центрите.

Премиерот Зоран Заев вчера соопшти дека контактирал со неговата српска колешка Ана Брнабиќ и дека упатил и втора молба до „Фајзер“ за согласност да се извезат од Србија вакцините кои ни се дадени, а и Владата, според него, ургира преку Министерството за здравство.

Тој верува дека барањето ќе биде одобрено и оти вакцините што ни ги отстапува Србија би требало да стигнат најбрзо, односно пред другите што ќе доаѓаат преку трите механизми. Според премиерот, тие ќе бидат доволни за 7850 здравствени работници кои се ангажирани во лекувањето КОВИД-пациенти.

– Верувам дека колку и да се значајни клаузулите во договорите на „Фајзер“ со Србија и на „Фајзер“ со сите други земји, може во предвечерието на добивање на нашите вакцини да ни дадат согласност час поскоро да стигнат вакцините од Србија, изјави Заев.

Во средината или втората половина  на февруари, посочи премиерот, се очекуваат да стигнат и првите дози од вакцините за кои склучивме договор директно со производителот „Фајзер“. До крајот на неделава се очекува, како што рече, прецизен и директен одговор кога се очекуваат вакцините од КОВАКС-механизмот на СЗО, а исто така и известување од Европската комисија за распределбата на одредени количини вакцини од земјите на ЕУ, т.е. од третиот, солидарен механизам.

Од сите три механизми треба да стигнат по околу 800.000 дози, односно вкупно 2,4 милиони дози за вакцинација на 1,2 милион граѓани. Со 60 отсто опфатеност на населението треба да се обезбеди колективен имунитет на КОВИД-19.

Во вчерашната статистика за последните 24 часа беа регистрирани 183 нови случаи кај кои е потврден вирусот, од 1.466 направени тестирања. Починаа шест пациенти  на возраст од 45 до 90 години.

Висок е бројот на оздравени – 1.731 пациент. Во целата држава се хоспитализирани 604 позитивни и сомнителни на коронавирусот и има 580 слободни болнички кревети. Во главниот град лежат 289 пациенти (103 на интерните клиники, 94 во ГОБ „8 Септември“, 81 пациент на Инфективната клиника и десет на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле), а 315 се пациенти во другите градови.

Поради намалувањето на бројот на заразени, од Владата викендов најавија дека од 1 февруари во план е да се врати администрацијата на работа со полно работно време и во полн состав, односно без ротирање на вработените, откако ќе се побара и дополнително мислење од Комисијата за заштита од заразни болести.

Според одлука на Владата, а по препорака на Комисијата, државната и јавната администрација, општините и судовите, работата ја организираа во смени, на далечина (од дома) или, пак, редуцирано со систем на ротации во зависност од карактерот на работниот процес на институциите.

Од почетокот на епидемијата, бројот на дијагностицирани во земјава достигна 90.654, починати се 2.785 луѓе, а оздравени 78.154. Активни случаи  има 9.715, од кои 5.461 се во главниот град.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Копенхаген: Европските лидери се „договорија“ за ништо

ВЕСТИ October 2, 2025

Европските лидери во Копенхаген, Данска, цел ден расправаа за безбедноста на континентот но без конкретни…

Париз: Синдикални протести низ цела Франција – се бараат и повисоки даноци за богатите

October 2, 2025

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

October 2, 2025

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.