Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коалициските партнери од „Можеме“го поддржаа договорот на СДСМ и ДУИ

0
By Нова ТВ on August 19, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и генералниот секретар Љупчо Николовски попладнево имаа средба со лидерите и претставниците на партиите од коалицијата „Можеме“.

Како што соопшти СДСМ, коалициските партнери му дале целосна поддршка на договорот за коалицирање со ДУИ, како и на вредностите и принципите кои произлегуваат од него во насока на брза трансформација на државата.

Пред присутните, Заев ги претстави главните приоритети на новата Влада за следниот четиригодишен мандат. Тој рече дека квалитетни, чесни, и одговорни кадри ќе бидат предложени од сите политички субјекти во коалицијата „Можеме“, кадри кои се подготвени во целост да ги испорачаат програмските определби и принципи на новата Влада.

– Новата Влада предводена од СДСМ главен фокус ќе стави на јакнење на економскиот стандард и уште поголема грижа за сите. Сериозно ќе се посветиме на реформи во јавната администрација и намалување на нејзиниот обем за 20 отсто. Истовремено, ќе се посветиме на прочистување на судството, проверка на имотот и капиталот на секој функционер и неселективна борба против корупцијата.

Силно сме мотивирани на обезбедување чист воздух и здрава животна средина преку широка мобилизација на сите капацитети. Секако како еден од главните приоритети е и напредокот во евроинтегративниот процес преку почетокот на преговорите и отворањето на првите поглавја. За тоа да го реализираме потребни се чесни, одговорни и професионални кадри кои ќе раководат со институциите. Во овој период течат сериозни разговори со коалициските партнери за да се најдат најодговорните и најдобрите кадри за одредени ресори, со што секоја партија од оваа коалиција би дала свој удел во водењето на институциите во следните четири години, истакна Заев.

Тој им честиташе на коалициските партнери за победата на изборите на 15 јули, посочувајќи дека со победата се потврди европскиот пат на државата.

– Тоа ни дава чест и обврска да работиме уште повеќе на домашен план во следниот четиригодишен мандат, рече Заев.

По завршувањето на средбата претседателот на БЕСА, Билал Касами потврди дека неговата партија ќе го добие ресорот земјоделство, но кој ќе биде министер ќе се знае по вечерашниот состанок на Централниот совет на партијата.

БЕСА, рече Касами, ќе биде дел и од другите ешалони на власта и ќе добие заменици министри и директори на институции.

– Движењето БЕСА ќе има важна улога во владејачкото мнозинство. Ќе раководиме со ресорот земјоделство и сигурно во другите ешалони на власта ќе имаме важна улога, во делот на замениците министри и дирекрори на важни институции. Ова ќе биде придобивка за сите граѓани независно од нивната партиска или друга припадност. Сите функционери на БЕСА ќе бидат во нивна служба, рече Касами.

Тој најави дека во 19 часот вечерва на состанок на Централниот совет на партијата, меѓу другото, ќе се одлучи и кој ќе биде министер за земјоделство. – Се уште не би можел да кажам кој ќе биде министер. По седницата на Централниот совет ќе ја имаме и таа информација, дополни Касами.

Претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски, пак, рече дека со составот на новата влада неговата партија ќе го изгуби и тоа што го имаше.

– Тоа што го имавме го губиме – министерот без ресор за имплементација и стратегија на Ромите. Каде што беше појдовна точка не добивме доволен број гласови. Според принципот на новата влада, ако влезе женско, треба да влезе женско од листата зашто во членот на Изборниот законик треба да влезе 11-тата, а не деветиот, Козаров. Не знам која комбинација би се направила за јас да станам пратеник или Козаров, изјави Ибраимовски по состанокот во СДСМ.

Во 20 часот вечерва треба да почне седницата на Централниот одбор на СДСМ на која, како што потврди и партиската портпаролка Богданка Кузеска, ќе се донесат одлуките за кадровските решенија.

Во 18 часот, пак, почна состанокот на Централното раководство на ДУИ во Тетово и се уште е во тек, на кој исто така се очекува да бидат утврдени функционерските позиции.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
ФОКУС

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

ВЕСТИ October 10, 2025

Добитничка на Нобелова награда за мир рече дека ја посветува наградата на страдалниот народ и…

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.