Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се испитува причината за зголемената смртност од Ковид, особено кај млади луѓе

0
By Менче Атанасова Точи on September 19, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 19, 2020 12:37

Министерот за здравство, Венко Филипче изрази загриженост за зголемената смртност кај пациентите со Ковид-19 и најави дека викендов се прави анализа за да се испита за што се работи. Дека ќе се прави анализа за причината што довела до ова, Филипче најави и пред два дена на прашање на новинарката на НОВА, во дебата на емисијата „Патот кон“, на Аласат.

Денеска Филипче потенцира дека дека следната недела ќе се знаат причините и врз основа на тоа ќе се одлучи дали да се преземат дополнителни мерки.

„Точно е дека последните денови е зголемен бројот на починати како последица на ковид-19, и тоа последниве три дена. Претходно процентот беше 6,5, сега е некаде 8. Правиме анализа, не сакаме да дозволиме да имаме преполни болници. Таа анализа ќе заврши на почетокот на следната недела и ќе можеме да кажеме на што се должи и дали треба дополнително нешто да се преземе,“ изјави Филипче.

доц..д-р. Венко Филипче, министер за здравство

Загрижувачки е зголемениот број на починати од Ковид во последните две недели, а последната недела на многу млади луѓе. Вкупно 35 починати се за само пет дена оваа седмица. Дури 31 процент од нив се под 60 години, а меѓу нив има млади луѓе на возраст од 23  29, 39, 43, 44, 52 години.  Црниот биланс на дневно ниво изминатите денови косеше по 7, 8, 9 починати, што е многу за една мала држава како нашата.

Минатата недела( од 7ми до 13 ти септември) кога беа регистрирани 27 смртни случаи од Ковид, смртноста е зголемена за 35 проценти во однос на претходната недела, говорат официјалните податоци на Институтот за јавно здравје.

Додека се подготвуваат податоците за оваа седмица, анализите на ИЈЗ покажуваат покажуваат дека од сите починати претходната недела,  85 посто имале претходни заболувања.

Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=15.827),претходната недела

Во исто време додека се зголемува бројот на починати, се намалува бројот на хоспитализирани пациенти,( така е во скопските болници ), а се зголемува бројот на нови дијагностицирани пациенти.

Државниот саниратен и здравствен инспекторат веќе работи на неколку случаи и тоа кај помладите пациенти.

„Во тек е постапка за вонредни инспекциски надзори заради вознемиреност во јавноста, за последните неколку смртни случи, особено кај четворицата млади луѓе што починаа пред два дена- 29  годишната струмичанка, за 23 годишната девојка од Скопје, починатиот од  Крива Паланка и други случаи, “, изјави за НОВА, д-р. Ирина Сотирова Бухова, директорка на ДСЗИ.

д-р. Ирина Сотирова Бухова, директорка на ДСЗИ

Ова особено отвори сомнеж,  откако кај 35 годишната ресенчанка која почина пред две недели во нејзиниот дом, веќе се констатирани пропусти во лекувањето. Три дена по нејзината смрт ДСЗИ извршиле инспекциски надзор кај нејзиниот матичен гинеколог и увиделе дека уште во март на втората нејзина посета имала упат за ПАП тест и за лабораториски испитувања

„При третата посета после еден месец на 20 мај пристигнати биле резултатите од ПАП тестот, но пациентката не се вратила со лабораториските резултати од 13 март, а лекарката гинеколог не ги симнала од „Мој термин“. Во присуство на инспектори од ДСЗИ, резултатите се испечатени и е констатирано покачен шеќер  во крвта, дури 13,46 и лесно покачен TSH(тироида) Докторката се правдала дека не знаела дека резултатите и стигнуваат во „Мој термин“ и во корона ситуација“, вели Сотирова Бухова.

Што ќе покажат анализите, има ли грешки или пропусти во текот на лекувањето за случаите кои ја потресоа јавноста во последните денови, дали секое преходно заболување или зголемена телесна тежина се животно загрозувачки доколку некој заболи од Ковид се прашања на кои навистина мора да се најде одговор.

Во меѓувреме, многу луѓе не носат маски и не ги почитуваат мерките за заштита. Еден од  градовите каде што е исполнет  капацитетот на болницата со заболени е Струмица, а таму има и најмногу млади починати во последните денови.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.