Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се избрза ли Мицкоски со изјавата за намален ДДВ за горивата?

0
By Zoran Ivanov on March 23, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 23, 2026 16:58

За да се пресмета помал ДДВ во крајната цена на дизелот и на бензинот потребна е соодветна процедура. Вчера не се спомена дека Владата донела одлука за кризна состојба, но денес тоа премиерот го нафрли како одговор на новинарско прашање.

Регулаторната комисија за енергетика уште не соопштува колку од полноќ ќе биде новата цена на бензините и на дизелот. Премиерот Христијан Мицкоски на вчерашната прес-конференција соопшти дека Владата донела одлука за намалува на данокот на додадена вредност од 18 на 10 проценти. Но, дали е запазена процедурата за да може Регулаторната комисија за енергетика да го пресмета помалото ДДВ во крајната цена? Досега, сите промени на ДДВ одеа со законски измени.

Вчера Мицкоски не спомена прогласување на кризна состојба, но денес одговарајќи на новинарско прашање рече дека Владата вчера донела одлука за кризна состојба и за намалување на данокот. Но, не појасни дали треба да се менува законот, или одлуката во кризна состојба е доволна.

– Владата вчера донесе одлука за прогласување на кризна состојба, а потоа донесовме одлука и за намалување на данокот на додаден вредност од 18 на 10 проценти. Не сме едни од ретките влади во Европа, можеби има уште една или две влади, кои директно од буџетот го поддржуваат стандардот на граѓаните. Имаме уште неколку чекори, уште неколку мерки, но сме претпазливи. Во овој момент имаме предизвици и ќе ги имаме. Но, електроенергетскиот сектор во државава е стабилен и стабилно е снабдувањето со нафта и со нафтени деривати. Не само што ги задоволуваме потребите на нашите граѓани, туку поради тоа што имаме најниска цена во регионот, многу граѓани од соседството доаѓаат да полнат бензин – рече Мицкоски.

Тој информираше дека очекува разбирање од „Окта“ и за поголемо намалување на цените.

Во Законот за акцизи пак има во кои случаи треба да се намалат акцизите. Тоа е поврзано со цени на нафтените деривати. Но, иако намалувањето е согласно закон, Владата не го применува, туку, како што вели Мицкоски се одлучиле на порубосно намалување.

– Имаме најниски давачки кон Владата кога станува збор за бензините и дизелот. На пример во Хрватска и во Србија давачките се двојно поголеми. Правевме анализа, имајќи ги предвид цените на берзите за безоловниот бензин 95 и 98 октани и на дизелот, а референтна берза за нас е италијанската, дојдовме до заклучок дека намалувањето за бензините ќе беше 1 денар по литар, а за дизелот ќе беше 2 денари. Затоа одлучивме да имаме поробустна, поголема интервенција и на овој начин се намалуваат цените за 6,5 до 7 денари по литар. Се разбира, состојбата и понатаму ќе ја следиме – рече Мицкоски.

Според него, дневна заштеда на граѓаните од намалениот данок на додадена вредност е околу 200.000 евра, односно околу 1,5 милиони евра неделно треба да останат кај населението.

Извор: Слободен печат. мк/ Весна Дамчевска

весна дамчевска Горива миоцклоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026

Хрватска со итни мерки за нафтната криза

March 21, 2026

Кина му предложи обединување на Тајван во име на енергетска безбедност

March 18, 2026

Амбасадор на Иран во Русија: Планот на Трамп не успеа

March 17, 2026
ФОКУС
March 26, 2026Updated:March 26, 2026

Петмина  уапсени за дојавите за бомби во тетовските училишта – само еден е полнолетен

ВЕСТИ March 26, 2026

Тројца малолетни жители на Тетово и околината денеска се уапсени под сомнение дека биле вмешани…

Техеран го отфрла планот на Трамп – има свои услови

March 26, 2026

Иран тврди дека е погоден американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“

March 25, 2026

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

March 23, 2026
ТИКЕР

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026

Хрватска со итни мерки за нафтната криза

March 21, 2026

Кина му предложи обединување на Тајван во име на енергетска безбедност

March 18, 2026

Амбасадор на Иран во Русија: Планот на Трамп не успеа

March 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.