Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се излеа нафта од потонат брод во каналот Студенчишта

0
By Нова ТВ on November 19, 2017 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска во каналот Студенчишта, кој се влева во Охридското Езеро, потона бродот „Мис Стон“.

Како што велат очевидци од терен, од бродот е излеана нафта низ целиот канал и веќе е стигната до Охридско Езеро.

Според рибарите, кои и покрај излеаната нафта рибареа, вчера сè било во ред и, како што велат, најверојатно, инцидентот се случил во текот на ноќта бидејќи кога дошле во 6 часот утрово нафтата веќе била излеана.

Бродот „Мис Стон” во каналот е вкотвен со години. За него долго време никој не се грижеше. Најверојатно поради дотрајаност на пловилото водата навлезе во него и тоа се наведна на една страна и натаму полека тоне.

„Веднаш по дојавата за излеаното гориво од бродот ние се организиравме, обезбедивме пумпи со кои ќе ја извадиме целата количина на горивото од каналот. Нашите екипи се на самото место на настанот и интензивно работаат на остранувањето на горивото”, вели капетанот на Капетанијата во Охрид, Горан Устијанивски, кој прв стигна во каналот за да ја санира состојбата.

Ова не е прво потонување на брод во каналот.Пред неколку години тука пропадна хидрокрилниот брод на „Силекс”, но тој немаше мотор и во него немаше гориво.

Каналот Студенчишта се користи за вкотвување на пловни објекти надвор од сезона, бидејќи Охрид нема марина. Многумина предупредуваа дека Билјанини извори може да експлодираат бидејќи токму тука глисерите и јахтите се полнат со гориво од канти од кои истекува нафта во каналот, а тоа може да предизвика на палење на горивото и еколошка катастрофа.

 

нафта Охридско езеро Студенчишта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.